Достапни линкови

15 членки на НАТО планираат зголемување на трошоците во одбраната


Gенералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Петнаесет членки на НАТО поставија планови за исполнување на целите на Алијансата за трошоци во одбраната до 2024 година, зголемувајќи ги вкупните трошоци за 46 милијарди долари, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

„Ова е значителен напредок и добар почеток“ рече Столтенберг на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел. Тој рече дека од 2014 година има зголемување на трошоците за одбрана меѓу европските сојузници и Канада.

Коментарите на Столтенберг доаѓаат откако секретарот за одбрана на САД Џим Матис се очекува да изврши притисок врз американските сојузници во Европа да ги зголемат воените трошоци на нивото одредено од НАТО, исполнувајќи ја клучната обврска што ја бара претседателот на САД Доналд Трамп.

XS
SM
MD
LG