Достапни линкови

Рочиште за предметот на СЈО „Траекторија“


Поранешниот премиер Никола Груевски пред Кривичниот суд.

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за предметот „Траекторија“ во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор за државни патишта Љупчо Георгиевски. Обвинетите присуствуваат на денешното рочиште кое го води судијата Горан Бошевски.

Судењето за „Траекторија“ на 31 јануари почна од почеток, бидејќи беше променет судскиот совет. Одбраната на претходните рочишта побара од СЈО да им ги достават снимените разговори на рака за, како што рекоа, да ги анализираат во изворна форма. 315 аудио снимки се дел од доказниот материјал, а одбранта не прифаќа прислушуваните разговори да бидат преслушувани во СЈО.

Во предметот „Траекторија“, Груевски, Јанакиески, Пешевски и Георгиевски се обвинети дека во текот 2012 и 2013 година презеле дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево - Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања, со што според СЈО, на државниот буџет му нанеле штета од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.

XS
SM
MD
LG