Достапни линкови

САД: Русија ќе се обиде да влијае и врз изборите за Конгресот


Првите луѓе на американските агенции за разузнавање предупредија дека Русија планира да користи сајбер напади, пропаганда и други тактики со кои би влијаела на претстојните избори за Конгресот. Сведочејќи пред одборот за разузнавање на Сенатот, директотрите на ЦИА, ФБИ, Агенцијата за национална безбедност и уште три други агенции се сложиле дека Москва не ги ограничила своите напори на влијае на американските претседателски избори во 2016 година.

Сајбер нападите против САД и нашите европски сојузници ќе продолжат со цел да се поткопа демократијата, изјави Ден Коутс, директор на националната разузнавачка агенција.

Во извештајот објавен од јануари 2017 година, американските разузнавачки агенции заклучиле дека Русија се ангажирала со цел да влијае на претседателските избори во САД во 2016 година. Москва ги негираше ваквите обвинувања во неколку наврати. Три различни конгресни комисии ја истражуваат претседателската кампања во 2016 година, како и сомнителните контакти меѓу руски функционери и сегашни и поранешни соработници на американскиот претседател Доналд Трамп.

Кривичната истрага во јануари 2017 година заврши со обвиненија против двајца соработници на Трамп и признавање вина на други двајца. Изборите за Конгресот ќе се одржат на 6-ти ноември 2018 годинава.

XS
SM
MD
LG