Достапни линкови

Туск: Да зајакне врската на ЕУ со Западен Балкан


Наша цел е зајакнување на врската меѓу ЕУ и Западен Балкан, како и јакнење на врските меѓу самите држави од регионот, изјави денеска претседателот на Европскиот совет Доналд Туск по средбата со австрискиот канцелар Себастијан Курц во Виена. Претседателот на Европскиот совет со австрискиот канцелар разговарал и за претстојниот самит на лидерите на ЕУ, на кој во прв план ќе биде следниот повеќегодишен буџет на ЕУ, кој ќе се заснова на приоритетите на ЕУ во следната декада. Туск најави дека, покрај безбедноста и одбраната, дигиталната технологија и образованието, меѓу приоритетите на ЕУ во следната декада ќе биде стопирањето на илегалната миграција во ЕУ. Токму за ова претседателот на Европскиот совет ја гледа значајната улога на државите од Западен Балкан.

Според него, Самитот меѓу ЕУ и Западен Балкан во Софија ќе биде значаен за јакнење на соработката во областите на заедничкиот интерес, вклучувајќи ја и безбедноста и миграцијата, бидејќи, како што рече, учеството на Западен Балкан, „како вековен чувар на европските граници во стопирањето на мигрантскиот бран во Европа во 2015 година, беше значајно“.

XS
SM
MD
LG