Достапни линкови

Словачкиот суд потврди дека Бабиш бил соработник на тајните служби


Словачкиот суд ја отфрли тужбата на чешкиот премиер Андреј Бабиш поради тврдење дека соработувал со тајните служби на комунистичката Чешкословачка. Бабиш го тужеше Словачкиот Институт за сеќавање на нацијата, кој располага со документи што ја потврдуваат неговата соработка со тајната полиција, попозната како СТБ. Иако дел од документите се уништени, Институтот соопшти дека има 12 документи кои покажуваат дека Бабиш работел под тајно име за тајните служби. Андреј Бабиш ги негира сите обвинувања, а словачкиот суд претходно донесе одлука дека нема докази за тужба. Сепак, Уставниот суд на Словачка, побара од регионалниот суд повторно да го преиспита случајот, поради веродостојност на сведоците и процедурални грешки. Денешната пресуда е конечна, а Бабиш најави дека неговите адвокати ќе ги разгледаат натамошните чекори.

XS
SM
MD
LG