Достапни линкови

Бутарис: не предложив промена на името на аеродромот


Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис во Скопје.

Погрешно беа протолкувани моите изјави, никогаш не предложив ниту предлагам промена на името на аеродромот, вели солунскиот градоначалник Јанис Бутарис во изјава за медиумите по реакциите што ги предизвика говорејќи синоќа на состанокот на општинскиот совет и утрово за грчката телевизија Скај, пренесува МИА.

„Одеднаш утрово ми се јавуваат од Скај, јас спиев и ме збунија. Не побарав никогаш промена на името Македонија. За Никос Галис, што беше споменато, ме праша една госпоѓа од Скај, не и го помнам името, кога би се предложило менување на името, што би предложил и нормално јас реков Никос Галис“, објасни Бутарис

Тој објасни дека она што го рекол и не го одрекува е дека во ова прашање Грција има загубено, односно „дека 130-150 земји, колку и да се, ја имаат признато земјата под името Македонија.“

„И ние, за жал, со одговорност на грчките влади во последните 25 години, имаме загубено. И ова треба да не загрижува“, рече Бутарис.

XS
SM
MD
LG