Достапни линкови

Се преврте чамец со мигранти во Турција, најмалку десет исчезнати


Илустративна фотографија.

Чамец со најмалку десет мигранти денеска се превртел во реката Марица во турскиот северен округ Одрин. Турските спасувачки тимови во моментов ги бараат мигрантите кои сакале да пристигнат во Грција, но досега се пронајдени само чамецот и алишта. Меѓу мигрантите имало жени и деца. По неколкудневните врнежи од дожд нивото на реката Марица било зголемено.

XS
SM
MD
LG