Достапни линкови

Тилерсон: коалицијата да се посвети кон целосен пораз на ИД


Архива: Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ги повикаа земјите на коалицијата предводена од САД против групата на Исламската држава (ИД) во Ирак и Сирија да се посветат на целосен пораз на милитантите.

„Крајот на големите борбени операции не значи дека го постигнавме трајниот пораз“ на групата на ИД, изјави Тилерсон на денешниот состанок на членовите на коалицијата во Кувајт.

Тој рече дека борците на ИД го загубиле поголемиот дел од областите кои некогаш ги контролираа во Сирија и Ирак, но истакна дека милицијата „остануваат сериозна закана за стабилноста на регионот и други делови во светот.“

Во Ирак и Сирија екстремистичката група „се обидува да влезе во бунт“, рече тој додавајќи дека во места какви што се Авганистан, Филипините, Либија, Западна Африка, се обидува да обезбеди засолништа.

Тилерсон исто така рече дека Вашингтон одлучил да обезбеди 200 милиони долари помош за стабилизирање на ослободените области во Сирија.

XS
SM
MD
LG