Достапни линкови

Грбар-Китаровиќ и Вучиќ – Не сме пријатели, но мора да разговараме за иднината


Претседателите на Србија и на Хрватска, Александар Вучиќ и Колинда Грабар-Китаровиќ

Односите меѓу Хрватска и Србија не може да се наречат пријателски, но двете земји мора да разговараат за иднината и за отворените прашања, оценија денеска претседателите на Хрватска и на Србија, Колинда Грабар-Китаровиќ и Александар Вучиќ по меѓусебната средба во Загреб. На заедничката прес-конференција по средбата, тие рекоа дека не се согласиле за многу работи од военото минато од 90-тите години од минатиот век, но дека се согласиле да им предложат на владите во наредните две години да продолжат билатералните преговори за спорната граница на Дунав, а ако договорот не се постигне, да се оди на меѓународен суд.

Хрватската претседателка рече дека го поддржува влегувањето на Србија во ЕУ.

На прашањето дали има можност Хрватска да го блокира патот на Србија кон ЕУ поради граничниот спор, Вучиќ рече дека се надева дека нема да има блокада, но оти тоа е прашање за Хрватска.

XS
SM
MD
LG