Достапни линкови

Ципрас: Решението да биде сложено име и уставна промена


Архива: Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас на средаб на Светскиот економски форум во Давос.

Сложено име и за надворешна и за внатрешна употреба за кое треба уставна промена и повлекување на секакви сомнежи за иредентистички ставови, е рамката што го гарантира затворањето на проблемот, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас на состанокот на пратеничката група на СИРИЗА говорејќи за прашањето за името.

Тој рече дека грчката влада има преземено одговорност за да се затвори проблемот „со достоинство и патриотска одговорност“ и ја повтори позицијата на Атина и барањата на грчката страна во разговорите.

„Решението не може да биде друго од едно сложено име што ќе важи за сите, за севкупна употреба. Нешто за што секако, предуслов е и уставна промена, за името навистина да биде ерга омнес, односно за севкупна употреба“, рече тој додавајќи:

„Не може да биде една употреба надвор, а друго да биде името во Уставот. Секако предуслов е и повлекување на секаков сомнеж за иредентизам. Ова е единствената рамка што го гарантира решавањето на проблемот и поминување во нова ера за целиот Балкан, далеку од национализмот, фанатизмот и нетолеранцијата“, рече Ципрас, пренесува МИА.

XS
SM
MD
LG