Достапни линкови

Еко-организации: за отворање рудници граѓаните да се изјаснуваат на референдум


Архива: Протест во Скопје против отворање на рудникот Казандол.

Изјаснувањето на граѓаните на референдум да биде услов за доделување на концесија за есплоатација на минерални суровини по барање од заинтересирано лице, бараат повеќе еколошки организации и граѓански иницијативи кои работат на полето на заштита на животната средина во Македонија.

Во писмо испратено до претседателот на собраниската комисија Комисија за економски прашања Горан Милевски, тие потенцираат дека ги поддржуваат измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини што се во собраниска процедура, а се предложени од група пратеници но посочуваат дека е неопходно амандмански да се интервенира во текстот и да се предвиди референдумското изјаснување на граѓаните во локалната самоуправа каде се планира отворањето на рудниците.

„Овде повеќе не станува збор за економски развој на земјата, рудници со отворен коп кои употребуваат цијаниди и сулфурна киселина ќе значат загадување на почвите, воздухот и водите во земјата, а со тоа доведување во опасност на земјоделието и изворот на храна за граѓаните во Македонија“, се вели во писмото.

XS
SM
MD
LG