Достапни линкови

За четири години бројот на средношколци намален за 15 илјади


Архива: Група средношколци од средното училите „Таки Даскало“ во Битола.

Бројот на ученици во средно образование се намалил за 15 илјади во периодот од 2013 до 2017 година, според податоците на Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ).

Оттаму наведуваат дека во 2013 година во сите години во средно образование: прва, втора, трета и четврта, имало 85 илјади ученици, а во 2015 година 70 илјади.

Според Дарко Спасевски од ИСИЕ трендот на намалување на бројот на ученици во најголем дел се должи на демографски причини, додавајќи дека освен во Скопје бројот на ученици е намален во сите општини во Македонија.

Во опаѓање исто така е бројот на наставници, наведуваат од ИСИЕ, од 7.100 на 7.000 во истиот период.

XS
SM
MD
LG