Достапни линкови

Ирак бара 88 милијарди долари за реконструкција


Цивили покрај оштетувања од воените судиири во ирачкиот град Мосул.

Реконструкцијата на Ирак по речиси тригодишна војна со екстремистичката група Исламска држава (ИД) ќе чини 88.2 милијарди долари, соопштија официјални претставници на денешна меѓународна конференција.

„Реконструкцијата на Ирак ја враќа надежта за Ирак и враќање на неговата стабилност се стабилизираат државите во регионот“, изјави министерот за планирање Салман ал-Џумаили пред донаторите и инвеститорите собрани во Кувајт на тридневни дискусии за напорите за инфраструктурна и економска обнова на земјата.

САД, кои ја предводат меѓународната коалиција во борбата против ИД, не планираат да заложат пари на конференцијата, соопштија официјални американски претставници.

Ирачки претставници рекоа дека нациите можат да помогнат ако дејствуваат како жиранти на позајмувачите, со што ќе му помогнат на Ирак да земе средства за финансирање на проекти.

XS
SM
MD
LG