Достапни линкови

Тилерсон ја почна блискоисточната турнеја


Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон пристигна во Египет во почетокот на дипломатската турнеја во текот на која ќе посети пет држави во момент на зголемени тензии на Блискиот Исток. Неговата посета на Каиро доаѓа ден откако израелското воено воздухопловство изведе низа напади во Сирија како одговор на влегувањето на ирански дрон во воздушниот простор на Израел. Претходно беше соборен и израелски авион од типот Еф16. Освен Египет, Тилерсон ќе ги посети Кувајт, Либан, Јордан и Турција.

XS
SM
MD
LG