Достапни линкови

Вучиќ од утре во официјална посета на Загреб


Српскиот претседател Александар Вучиќ и хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ја почнува дводневната официјална посета на Загреб, на покана на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.

По повеќегодишни одлагања, влошени меѓусебни односи со безбројни протестни ноти меѓу Белград и Загреб ден пред посетата во Белград создадена е тензична атмосфера.

Нејасна е и агендата на посетата и темите за кои српскиот претседател ќе разговара со неговите домаќини во Загреб.

Според српските и хрватските медиуми, двајцата претседатели ќе разговараат за судбината на 1900 исчезнати лица, враќањето на културното богатство исчезнато од воениот конфликт во 90-тите, соработката при апсење осомничените воени злосторници, положбата на малцинствата и за нерешеното прашање околу границата.

Според Кабинетот на хрватската претседателка Колинда Грабар Китровиќ на дневен ред нема да биде поставено прашањето за „извинувањето на агресијата над Хрватска, ниту пак барањето за воена отштета од Србија“- теми кои беа најавени од страна на Владата на Хрватска.

Претседателот Вучиќ изјави дека „е изненаден и вчудоневиден“ од изјавата на хрватскиот премиер Пленковиќ дека треба да се разговара и за воената отштета. Тој воедно најави дека ќе предложи воведување „мораториум од шест месеци на теми од минатото меѓу двете земји.“

XS
SM
MD
LG