Достапни линкови

Над 60 отсто од граѓани се за влез во ЕУ и во НАТО


Доколку утре би се одржал референдум за влез на Македонија во ЕУ, 64,2 отсто од македонските граѓани одговориле „за“, додека на истото прашање за влез во НАТО, 66 проценти се изјасниле потврдно.

Ова го покажуваат резултатите од анкетата на Институтот за политички истражувања (ИПИС), направено во периодот меѓу 16 и 21 декември 2017 година, на примерок од 1.113 полнолетни испитаници од Македонија.

Вкупно 45,4 отсто од анкетираните македонски граѓани сметаат дека односите со Грција во иднина ќе се подобрат, додека 15,5 проценти сметаат дека ќе се влошат.

На прашањето како би ги оцениле моменталните политички односи меѓу Македонија и Грција, 20,9 отсто одговориле дека се добри, додека 31,7 оцениле дека се донекаде добри.

На истото прашање 14,9 проценти од испитаниците одговориле дека се лоши, додека 26,3 отсто донекаде лоши.

Во анкетата на граѓаните им е поставено и прашањето како ги оценуваат моменталните меѓучовечки односи меѓу Македонија и Грција, при што 23,3 оцениле дека се добри, 37,6 донекаде добри, 22,6 донекаде лоши, 10,2 лоши, додека 6,3 отсто одговориле со „не знам“.

Граѓаните во анкетата ги изразуваат своите ставови за соседните држави, односите со Грција, спорот за името и македонските евроатлантски интеграции

XS
SM
MD
LG