Достапни линкови

Иран одбележува годишнина од Исламската револуција


Иранскиот претседател Хасан Рохани.

Иран ја одбележува 39-годишнината од Исламската револуција во 1979 година.

Се очекува стотици илјади луѓе да присуствуваат на денешното одбележување во Техеран и во другите градови.

Извикувајќи слогани против САД и Израел, луѓе се приближуваат кон главниот плоштад во Техеран, каде што претседателот Хасан Рохани ќе одржи говор.

Со митингот се одбележува денот кога во 1979 година, следбениците на ајатолахот Рухолах Хомеини го соборија монархот, Шах Реза Пахлави, поддржан од САД.

Годинешното одбележување доаѓа по големите протести кои започнаа во декември минатата година.

XS
SM
MD
LG