Достапни линкови

Груби и Нимиц разговарале за името


Пратеникот Артан Груби од ДУИ.

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби и посредникот на Обединетите Нации за спорот со името Метјуц Нимиц на работен ручек во Њујрок разговарале општо за спорот и посредништвото на медијаторот и споделиле размислувања за актуелните случување, соопшти собраниската Комисија за европски прашања, чиј претседател е Груби.

Според Груби и ДУИ, конечното решение кое што ќе се постигне мора да биде достоинствено и взаемно прифатливо. Компромисот мора да овозможи неодложна и итна интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ што ќе резултира со оддржлив мир и стабилноство нашата земја и регионот, но заедно со системските реформи представува предуслов за економски развој и општествена благосостојба, се вели во соопштението.

ДУИ, се додава, целосно ги поддржува напорите на Нимиц и на преговарачите во спорот.

XS
SM
MD
LG