Достапни линкови

За австриските власти признавањето на Косово е работа на Србија


Признавањето на Косово е работа на Србија, и да се врши притисок да го признае Косово е погрешен пат, наведува австрискиот вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе пред посетата на Белград.

Тој потсетува дека неговата Слободарска партија остро го критикувала австриското признавање на Косово.

Австрискиот вицеканцелар вели дека се надева на можен компромис во рамки на Бриселскиот дијалог меѓу Белград и Прииштина.

„Сакаме на Западен Балкан да има унапредување, помирување, демократија, стабилност. Најдобро средство за тоа е процес на пристапување во ЕУ, нагласува Штрахе.

XS
SM
MD
LG