Достапни линкови

Облачно и студено време со врнежи од дожд и снег


Скијачки центар Попова Шапка.

Времето денеска ќе биде облачно и студено, во претпладневните часови со врнежи кои на запад и североисток ќе бидат од снег, а во делот вдолж Повардарието ќе бидат од дожд. Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Дневната температура ќе се движи од нула до шест степени.

Во Скопје ќе биде облачно и студено, во претпладневните часови се уште ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температура ќе достигне до пет степени.

Во понеделник ќе има преодно стабилизирање, а нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник попладне и в среда.

XS
SM
MD
LG