Достапни линкови

Мери Лу Мекдоналд го наследи Гери Адамс на чело на Шин Фејн


Мери Лу Мекдоналд

Мери Лу Мекдоналд денеска официјално го презеде водството на Шин Фејн од нејзиниот претходник Гери Адамс, што ги зголемува амбициите на оваа северно ирска партија дека може да владее од двете страни на границата. Изборот на жена од помладата генерација, која не било директно вмешана во 30-годишниот конфликт во Северна Ирска, претставува значителен пресврт за партијата која беше политичко крило на Ирската републиканска армија(ИРА).

Мекдоналд има 48 години. Родена е во Даблин и потекнува од семејство од средната класа. Таа беше единствениот кандидат за наследник на Адамс, кој е на чело на партијата од 1983 година.

XS
SM
MD
LG