Достапни линкови

Опозицијата ќе ги бојкотира претседателските избори во Азербејџан


Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев

Азербејџанската опозициска партија Мусават нема да учествува на предвремените претседателски избори закажани за 11 април, рече денеска шефот на партијата, Ариф Хацили.

Мусават е втората по големина опозициска партија во Азербејџан. Претходно и најголемата опозициска партија, Националниот совет за демократски сили, соопшти дека ќе ги бојкотира изборите.

Бојкотот на опозицијата доаѓа откако претседателот на државата Илхам Алиев на 5 февруари издаде декрет со кој изборите ги презакажа на 11 април, а тие првично беа закажани за 17 октомври.

Алиев не ги објасни причините за одлуката, но рече дека овој потег е направен во согласност со азербејџанскиот устав и Изборниот законик на земјата.

XS
SM
MD
LG