Достапни линкови

Во Турција уапсен 31 осомничен член на ИД 


Архивска фотографија - Турски полицаец.

Турската полиција уапси 31 осомничен член на џихадистичката група Исламска држава во Истанбул, кои подготвувале терористички напади.

Полицијата извршила претрес на шест локации во три кварта во градот. Сите уапсени се странски државјани. Во акцијата биле одземени дигитални апарати и документи.

Според турските власти, ИД е одговорна за голем број напади во Турција, во кои загинаа стотици луѓе.

XS
SM
MD
LG