Достапни линкови

Над 1000 терористи убиени при операцијата „Маслиново гранче“ во Сирија


Почетокот на турската операција во Сирија.

Турските вооружени сили убиле 1.141 терорист за време на операцијата „Маслиново гранче“ во реонот на градот Африн, во северниот дел на Сирија, соопшти денеска Генералштабот на турската армија.

Во рамки на денешната операција во Африн турските сили убиле 79 терористи од Силите за заштита на народот, Курдската работничка партија, Партијата на демократскиот сојуз и од џихадистичката група Исламска држава.

Офанзивата на турската војска „Маслиново гранче“ започна на 20 јануари.

XS
SM
MD
LG