Достапни линкови

Севернокорејскиот лидер го покани јужнокорејскиот претседател во Пјонгјанг


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го покани јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин на средба во Пјонгјанг, соопштија од канцеларијата на јужнокорејскиот претседател. Тоа би било прв состанок на корејски лидери по пауза од повеќе од 10 години.

Поканата од севернокорејскиот лидер, ја предала неговата сестра, Ким Јо Џонг, која е во Јужна Кореја за да присуствува на Зимските олимписки игри. Таа имала официјална средна со Мун Џае-ин, соопшти портпаролот на јужнокорејскиот претседател.

XS
SM
MD
LG