Достапни линкови

Името една од темите на средбата на Коѕијас со претседателот на кипарскиот Парламент


Mинистерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас

Спорот меѓу Грција и Македонија за името, заедно со кипарското прашање биле главните теми за кои разговарале шефот на грчката дипломатија и претседателот на кипарскиот Парламент, на нивната средба во грчкото МНР, јавува дописникот на МИА од Атина.

Дописникот се повикува на објавата на претседателот на парламентот на Кипар, Димитрис Силурис на неговиот твитер профил. Тој на Твитер напишал дека средбата со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас е добра можност за размена на мислења за темите што ги засегаат Кипар и Грција. Во фокусот кипарското прашање и прашањето со Скопје.

Во интервју за грчката државна новинска агенција АПЕ-МПЕ, Силурис одбива да даде став или коментар во врска со прашањето за името.

XS
SM
MD
LG