Достапни линкови

Србија сака да ги „ресетира“ односите со САД


Архивска фотографија - српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во Вашингтон се сретна со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон. Ова е прв состанок на Дачиќ со највисокиот официјален претставник на Стејт департментот.

Дачиќ го изнел ставот дека треба да се „ресетираат“ билатералните односи меѓу САД и Србија.

„Сакаме да ги ресетираме нашите односи, да бараме заеднички интереси, да бараме начини како САД можат да ни помогнат да ја оствариме нашата клучна цел - стабилност, мир во регионот и решавање на отворени прашања, пред сè за трајно решавање на проблемите на Косово и Метохија“, се наведува во соопштението од кабинетот на Дачиќ.

Во соопштението, исто така, се додава дека „во име на претседателот Александар Вучиќ, Србија е подготвена да одговори во секој момент на предлозите на САД кои ќе дојдат во врска со прашањата на безбедноста и стабилноста во регионот.

XS
SM
MD
LG