Достапни линкови

Променливо облачно време, со локални врнежи од дожд и снег


macedonia-view of skopje, old people

Времето денеска е променливо облачно, дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Под влијание на влажна и постудена воздушна маса денеска ќе има врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните и западните делови на земјава. На повеќето места ќе се формира нова снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми.
Дневната температурата ќе се движи од 2 до 9 степени.

Скопје, облачно со врнежи од дожд, во утринските и вечерните часови ќе има услови и за повремено провејување на слаб снег. Температурата ќе се движи до пет степени.

Времето во наредите денови ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди, но и со повремен слаб дожд, а на планините и на некои повисоки места ќе има услови за повремен слаб снег.

XS
SM
MD
LG