Достапни линкови

САД бараат итен прекин на насилствата во Идлиб и во Источна Гута во Сирија


Сириски цивили бегаат од веројатно владино бомбардирање во областа Источна Гута во близина на Дамаск

Соединетите Американски Држави ги повикаа силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад и нивниот сојузник Русија да стават крај на воздушните напади и наводните хемиски напади врз областите кои се во рацете на бунтовниците. Портпаролката на Стејт департментот, Хедер Науерт, денеска изјави дека САД се „крајно загрижени за ескалацијата на насилството“ во провинцијата Идлиб, во областа Источна Гута во близина на Дамаск, како и во други области, „кои се загрозени од режимот на Асад и од руските воздушни напади.

Таа изјави дека САД го поддржуваат повикот на ОН за едномесечен прекин на насилствата во Сирија, велејќи дека тоа ќе овозможи хуманитарна помош и медицинска нега за над 700 луѓе во Источна Гута.

Претставникот на Русија во ОН, Василиј Небензија, го отфрли повикот како нереален, зашто терористите не сакаат договор. Русија го поддржува режимот на претседателот Башар ал-Асад.

XS
SM
MD
LG