Достапни линкови

Пучдемон може да ги наруши односите меѓу Шпанија и Белгија


Доскорашниот каталонски лидер Карлес Пучдемон

Шпанскиот министер за надворешни работи Алфонсо Дастис денеска рече дека присуството на доскорашниот каталонски лидер Карлес Пучдемон во Белгија и неговата желба да управува со Каталонија од далечина може долгорочно да им нанесат штета на „пријателските односи“ меѓу Шпанија и Белгија. Тој рече дека Пучдемон може да живее во Белгија, но оти неговата претензија да ја води Каталонија од далечина во некој момент ќе го отвори прашањето колку може тоа да трае , а да не влијае на пријателските односи меѓу двете земји.

Пучдемон избега во Белгија само неколку часа пред да биде покрената кривична постапка против него во Шпанија за „побуна“ и финансиски малверзации.

Пучдемон повторно беше избран за пратеник на 21 декември, а неговата партија победи во Каталонија. Засега трите сепаратистички каталонски партии кои имаат мнозинство не пронајдоа начин да го именуваат за претседател без опасност од гонење, зашто Уставниот суд претходно одлучи дека именувањето во отсуство е нелегално.

XS
SM
MD
LG