Достапни линкови

ЕП - Турција ја користи вонредната состојба за сузбивање на легитимната опозиција


Европскиот парламент

Европратениците денеска усвоија резолуција со која ги осудија стотиците апсења извршени од страна на турските власти, со цел да се ограничат критиките за турската воена офанзива во Африн, стои во соопштение за медиумите од Европскиот парламент.

Пратениците ги осудија апсењата на новинари, активисти, лекари и обични граѓани, кои изразиле противење на турската воена интервенција во сириската енклава Африн, која е под контрола на сириските Курди.

Европратениците се сериозно загрижени за хуманитарните последици од турската интервенција и предупредуваат дека овие диспропорционални активности не треба да продолжуваат.

Вонредната ситуација објавена по обидот за воен удар на 16 јули 2016 година, во моментов се користи за понатамошно сузбивање на легитимната и мирна опозиција, истакнуваат европратениците и уште еднаш потврдија дека остро ја осудуваат неуспешната воена интервенција.

XS
SM
MD
LG