Достапни линкови

Десетици илјади луѓе на погребот на загинатот руски пилот во Сирија


Луѓе положуваат цвеќе пред Министерството за одбрана во Москва во чест за загинатиот руски пилот

Десетици илјади луѓе присуствуваа на погребот на рускиот пилот Роман Филипов кој минатата недела загина во Сирија. Според извештаите, на погребот со воени почести на мајорот Филипов во неговиот роден град Вороњеж во југозападна Русија присуствувале околу 30 илјади луѓе.

Министерството за одбрана соопшти дека Филипов се катапултирал од неговиот Сухој-25 кој бил погоден со противвоздушно оружје над територија под контрола на бунтивниците во северна Сирија на 3 февруари. Тој се самоубил со активирање на рачна бомба за да избегне заробување. Неговото тело подоцна беше префрлено во Русија. Претседателот Владимир Путин постхумно го прогласи за „Херој на Русија“. Филипов беше оженет и татко на една четиригодишна ќерка.

XS
SM
MD
LG