Достапни линкови

Трамп го критикува Иран на Молитвениот појадок


Американскиот претседател Доналд Трамп зборува на Националниот молитвен појадок во Вашингтон

Американскиот претседател Доналд Трамп упати порака со солидарност со луѓето подложени на „угнетување и верско прогонство“ низ целиот свет. Зборувајќи на Националниот молитвен појадок во Вашингтон, Трамп денеска рече дека Иран е една од земјите каде што граѓаните страдаат од рацете на власта.

„Знаеме дека милиони луѓе во Иран, Куба, Венецуела, Северна Кореја и други земји страдаат под репресивни и брутални режими“, рече Трамп.

На настанот организиран во хотел во главниот град на САД присуствуваа бројни високи американски политичари и странски гости. Сите американски претседатели од Двајт Ајзенхауер се обраќаат на собирот.

XS
SM
MD
LG