Достапни линкови

Одобрени 127 милиони евра за патишта и пругата кон Бугарија


Илустрација: Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Во секторот Железници алоцирани се над 71 милиони евра и ќе бидат искористени за изградба на дел од третата фаза на пругата кон Бугарија, делницата Крива Паланка-граничен премин Деве Баир, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.

Оттаму велат дека одобрена ревидираната Секторска оперативна програма за транспорт 2014-2020, во рамки на ИПА 2 програма преку која за Македонија се обезбедени 127,2 милиони евра, од нив над 108 милиони евра од ИПА 2 програмата, а над 19 милиони од македонскиот Буџет.

Парите се наменети за проекти во секторите железници, патишта и техничка помош. За патишта се обезбедени 48,7 милиони евра за изградба на втората фаза од експертскиот пат Градско-Прилеп, делницата Градско-Дреново, третата лента на патот Градско-Прилеп, реконструкција на делницата Куманово-Ранковце и делницата Плетвар, а ќе бидат заменети и заштитните огради на автопатот на Коридор 10 во должина од 100 километри.

XS
SM
MD
LG