Достапни линкови

МВР: Британец пронајден мртов на скопскиот аеродром


Македонска полиција, МВР.

На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во околу 4 часот изутрината бил пронајден мртов 52-годишен британски државјанин, соопшти МВР, наведувајќи дека лицето кое не давало знаци на живот било пронајдено од страна на обезбедувањето на аеродромот.

Смртта ја констатирал доктор од екипата на Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

XS
SM
MD
LG