Достапни линкови

Павлопулос: Македонија треба да направи уставни промени


Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и претседателот на Грузија Гиорги Маргвелашвили.

Името може да се реши само кога нема да зрачи иредентизам, бидејќи иредентизмот е спротивен на меѓународното право и на европското законодавство, изјави грчкиот претседател Прокопис Павлопулос наведувајќи дека Македонија треба да направи уставни промени за отстранување на иредентистичките позиции за потоа да се реши проблемот и земјата да влезе во НАТО, пренесува МИА.

Тој рече дека за решение на прашањето за името Македонија треба да ги донесе сите промени во правниот поредок, особено во Уставот за да може да се најде решение, без иредентизам и да оди кон процесот за интеграција во НАТО и ЕУ.

„Ги чекаме овие промени кои, го потенцирам тоа, се предуслов за да постои каква било перспектива за интеграција во НАТО и Европската унија, рече Павлополулос кој е на средбат со претседателот на Грузија, Гиорги Маргвелашвили.

XS
SM
MD
LG