Достапни линкови

Села бара 30 милиони денари отштета за нападот во Собранието


Архива: Пратеникот Зијадин Села.

Во Кривичниот суд денеска почна главната расправа од судењето на обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села којшто се случи на 27 април минатата година во Собранието. Адвокатот на Села за својот клиент побара отштета од 30 милиони денари за материјалните трошоци за лекувањето на Села, за претрпена физичка болка, претрпен страв и повреда на личниот интегритет.

На денешниот распит пред Судот е првиот сведок Горданче Соколовски вработен во фирмата што го поставувала видео надзорот во Собранието, а изјави ќе даваат и други сведоци и ќе се презентираат докази на вешти лица.

Според адвокатот на Села, Абедин Абдулаи, се очекува лидерот на Алијансата на Албанците да се појави на денешната главна расправа.

Во случајот обвинети се Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски - Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски - Кобра.

XS
SM
MD
LG