Достапни линкови

Путин и Ердоган договорија зајакната соработка против тероризмот


Архива: Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган.

Претседателите на Турција и Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин, во телефонски разговор се договорија за интензивирање на координирањето на акциите на вооружените сили и специјалните служби од двете држави заради борбата против терористите кои го прекршуваат прекинот на огнот.

Ердоган на Путин му изразил сочувство во врска со загинувањето на рускиот воен пилот Роман Филипов, чиј авион Су-25 на 3 февруари беше соборен над зоната за деескалација во северозападната сирииска провинција Идлиб.

XS
SM
MD
LG