Достапни линкови

Хан: Долгорочната стабилност бара помирување и добрососедски односи


Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Србија прв пат доби временска рамка која таа треба да ја искористи, но ве чекаат тешки реформи во владеењето на правота и правосудството, изјави во Белград европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ.

"Долгорочната стабилност бара помирување и добрососедски односи. ЕУ не може и нема да увезува билтерални спорови. Србија мора да прифати правно обврзувачкиот договор со Косово и ние ќе помогнеме, како и за решавањето на граничните прашања со другите соседи" изјави Хан.

Осврнувајќи се на Стратегијата на Еврокомисијата за Западен Балкан, што беше усвоена вчера, Хан нагласи дека таа го покрива целиот регион, во кој, според него, постои многу неискористен економски потенцијал што треба да се искористи. Според неговите зборови во последните 10 години регионот двојно ја зголемил трговинската размена со ЕУ на 43 милијарди евра.

Тој нагласи дека процесот на пристапување кон ЕУ „преставува регата, а не конвој“

"Секоја земја треба да напредува со сопствена брзина за постигнување на резултатити и праведно е тие кои се побрзи, за тоа да добијат заслуги", изјави еврокомесарот Хан.

Еврокомесарот Хан утре ќе ја посети и Подгорица

XS
SM
MD
LG