Достапни линкови

Иран да престане со егзекуциите на деца престапници


Организацијата за човекови права Хјуман Рајст Воч

Хјуман Рајтс Воч го повика Иран да престане да извршува егзекуции врз деца престапници откако три лица беа убиени во јануари за злосторства што ги извршиле како малолетници. Во денешната изјава групата за човекови права од Њујорк наведе дека "Иран треба веднаш и безусловно да стави крај на употребата на смртната казна за злосторства извршени од деца под 18-годишна возраст и да се придвижи кон целосна забрана на смртна казна". Во изјавата се посочуваат егзекуции на тројцата ирански затвореници во јануари. Амирхосеин Пуџафар, на возраст од 18 години, беше осуден на смрт под обвинение дека силувал и убил тригодишно девојче кога имал 16 години. 22-годишниот Али Казаими беше убиен зашто наводно, фатално го прободел човекот кој загинал во улична борба на 15 јануари. Иранските власти, исто така, ја убија 20-годишната Махбуб Мофиди на 30-ти јануари. Детето- невеста на возраст од 13 години - беше осудена за убиство на нејзиниот сопруг кога имала 17 години. Хјуман Рајтс Воч соопшти дека други земји што извршиле егзекуции на деца престапници се Пакистан, Саудиска Арабија и Јемен. Амнести интернешенел објави дека во Иран од 2005 година биле погубени најмалку 90 лица за злосторства извршени кога биле малолетници.

XS
SM
MD
LG