Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Владата не смее да крие детали за разговорите за името


Седиштето на ВМРО ДПМНЕ.

Владата не смее да молчи и да крие детали околу процесот на разговори за проблемот што го има Република Грција со нашето име, тоа не е прашање кое го засега само премиерот Зоран Заев или членовите на Владата, прашањето ја засега Република Македонија и целиот народ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Премиерот Зоран Заев вчера кажа дека била прифатлива географска одредница, но не кажа во чие име говори и која е таа одредница што за него е прифатлива. Не кажа ниту кој би бил опсегот на употреба, а премолчи и околу тоа дали станува збор само за географска одредница која би била за меѓународна употреба или тоа значи промена и на Уставот, односно уставното име, националноста и јазикот. Исто така, остана неодговорено и прашањето дали оваа географска одредница би имала англиска транскрипција или не“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG