Достапни линкови

Влада: Македонски железници во тешка финасиска состојба


МЖ Транспорт: воз, железница, пруга.

Да се репарираат постоечките вагони на Македонски железници Транспорт ад Скопје со што ќе се зголеми транспортниот капацитет на стоки преку железницата, а со тоа железничкиот транспорт би станал поефикасен и поатрактивен за компаниите кои увезуваат или извезуваат производи и би се зголемиле приходите на МЖ транспорт и би се подобрила ликвидноста.

Вакви краткорочни решенија се предложени за состојбите во МЖ Транспорт на денешната средба на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски со менаџментот на МЖ Транспорт.

Од владината прес-служба наведуваат дека во железничкото претпријатие е наследена тешка финансиска состојба за која Владата бара долгорочно решение.

XS
SM
MD
LG