Достапни линкови

Хан: Потребно е државништво да се реши спорот за името


Илустрација: Еврокомесарот Јоханес Хан

Спорот за името меѓу Македонија и Грција може да се реши во блиска иднина со лидерство и државништво во двете земји, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

„Ова е спор кој трае долги години. Постојат одредени чувства, особено во Грција, но знам дека актуелната грчка влада е посветена да го реши овој проблем, да најде решение со својот сосед. Уверен сум дека тоа може да се постигне во блиска иднина, вели Хан во изјава за Дојче веле.

Тој посочува дека е потребно лидерство и државништво не само да се најде решение, туку и за да се постигне согласност и да се обезбеди неопходното политичко мнозинство.

„Тоа е предизвик за лидерите во двете земји. Јас сум во постојан контакт со нив, и тие се многу посветени и знаат дека е важно да се најде решение затоа што таков нерешен проблем не може да остане меѓу две земји среде Европа, вели Хан.

XS
SM
MD
LG