Достапни линкови

Во напади во близина на Дамаск загинале најмалку 45 цивили


Дамск, сирија, 6 февруари.

Најмалку 45 цивили загинале денеска во воздушни напади на руски и сириски воздухопловни сили врз бунтовничка енклава недалеку од Дамаск, соопштуваат активисти. До нападите доаѓа на еден ден откако 28 луѓе загинаа во владините напади во северозападната провинција Идлиб.

Сириската опозициска опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопштува дека во текот на денешниот ден биле бомбардирани десет градови во источна Гута, во близина на Дамаск.

XS
SM
MD
LG