Достапни линкови

Пред Уставен оспорен Законот за амнестија


Седница на Уставен суд на Република Македонија.

До Уставниот суд е поднесена иницијатива за оценување на уставноста на Законот за амнестија. Иницијативата ја поднесе адвокатот Сашко Дукоски. Тој смета дека треба да се преиспита членот три од Законот. Адвокатот оценува дека осудениците се дискриминираат и не добиле еднакво право според највисокиот правен акт и законите. Во оспорениот член пишува дека амнестијата не ги опфаќа осудените за убиство, силување и педофилија, за кривични дела против изборите и гласањето, за посредување во вршење проституција, за дела против државата, човечноста и меѓународното право, како и за злосторничко здружување.

Кривичниот суд претходно соопшти дека пристигнале над 2.500 барања за амнестија.


XS
SM
MD
LG