Достапни линкови

Годишно од рак умираат над 3.800 луѓе, најмногу во Скопје


Илустративна фотографија.

Во Македонија во 2016 година од рак починале 3.882 лица, повеќето мажи, најмногу заболени од карцином на бели дробови, а скопскиот регион предничи со абнормални заболувања, соопшти денеска Институтот за јавно здравје по повод 4 февруари – Светскиот ден за борбата против ракот.

Според податоците, стапката на морталитет се движи од 183.3 на 100 илјади население во 2010 година на 187.3 во 2016 година, а после скопскиот регион кој е со најголем морбидитет следен е пелагонискиот со 126.2 жители на 100 илјади население кои се лекувани во болнички здравствени установи од малигни неоплазми.

Дел од клучните пораки за превенција од ракот според Институтот е да се креираат здрави учлишта, здрави работни места, подобар пристап до нега на заболени од рак и инвестиција во контрола на ракот.

Малигните неоплазми со учество од 20 до 25 проценти се втор причинител за смрт во развиените земји во светот веднаш по кардиоваскуларните болести. Ракот е одговорен за речиси еден од шест смртни случаи на глобално ниво.

XS
SM
MD
LG