Достапни линкови

На 2 март ќе се одржи ново рочиште за случајот „Сопот“


Архива: Адвокатите и обвинетите во предметот Сопот пред Основен Суд Скопје 1.

Судењето за случајот „Сопот“ денеска почна од почеток поради смена на судскиот совет. На судењето беа присутни шестмина од десет обвинети кои се изјаснија дека го разбираат обвинението и оти остануваат на она што го кажале на претходните рочишта, додека не четворица ќе им се суди во отсуство бидејќи не се достапни за органите на прогонот.

Следното рочиште е закажано за 2 март на кое исказ треба да дадат пет полициски службени лица. Во изјава за медиумите адвокатот Насер Рауфи рече дека доколку дозволи судот како сведоци во процесот можеби ќе бидат повикани поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и поранешната министерка за надворешни работи Гордана Јанкулоска.

Случајот „Сопот” е од 2003 години, откако двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа кога теренско возило на НАТО нагази на мина на локалниот пат Сушево – Сопот. Во случајот десет лица беа осудени за тероризам.

Основното јавно обвинителство во јули минатата година му го предаде предметот на СЈО, откако во јавноста беа објавени разговори на владини функционери поврзани со овој случај.

XS
SM
MD
LG