Достапни линкови

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски во посета на САД


Архива: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе оствари неколкудневна работна посета во Вашингтон придружуван од партиска делегација, соопшти партиската прес-служба. Во соопштението се вели дека во текот на посетата Мицкоски ќе се сретне со повеќе претставници на Белата куќа, Стејт департментот и членови на Претставничкиот дом и Сенатот.

Мицкоски исто така ќе се обрати на Безбедносниот форум организиран од членови на американскиот Сенат и ќе присуствува на молитвен појадок кој се одржува под покровителство на претседателот на САД Доналд Трамп.

Предвидени се и средби со претставници на македонската дијаспора во САД, а престојот ќе се искористи за остварување на меѓународни контакти, зацврстување на односите на ВМРО-ДПМНЕ и лобирање за државните и национални интереси на Република Македонија, се вели во соопштението.

XS
SM
MD
LG