Достапни линкови

Путин формално регистриран како претседателски кандидат


Архива: Рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин формално е регистриран како кандидат за претседателските избори во Русија на 18 март. Централната изборна комисија денеска го регистрираше Путин на точно два месеци откако тој ја објави неговата намера да се кандидира за четврти мандат.

Во услови на висок рејтинг, високи се очекувањата Путин да победи на изборите. Анализите велат дека Путин е подготвен да обезбеди најголема можна победа, со цел да го зајакне мандатот кој е можно да биде негов последен.

Уставот на Русија им забранува на претседателите да служат повеќе од два последователни мандати.

Критичарите велат дека Путин ги вратил назад демократските реформи и напредокот на човековите права направени по распадот на Советскиот сојуз.

XS
SM
MD
LG