Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Власта избегнува одговори и прави дефокус со разни теми


Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Што договорил Заев во Давос на средбата со грчкиот премиер Ципрас, зошто грчките власти инсистираат да не се излегува од рамката на тој договор, што се крие од македонската јавност, прашува ВМРО-ДПМНЕ преку партиско соопштение, наведувајќи дека во јавноста владее молк по овие прашања кои се погласно се поставуваат.

Власта избегнува одговори и секојдневно се прави дефокус со разни теми. Затоа невини луѓе, патриоти, се обвинуваат за тероризам и се држат во притвори. Демократијата и владеењето на правото се деградирани во Македонија под власта на СДСМ“, се вели во соопштението.

XS
SM
MD
LG